Македонија и Бугарија разгледале повеќе прашања од конзуларната област

 

Во Софија се одржаа конзуларни консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија, на ниво директори за конзуларни работи.

На консултациите биле разгледани повеќе прашања од конзуларната област, а кои директно ги засегаат граѓаните на двете држави, соопшти македонскотоб МНР.

Посебно внимание било посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска со измените на законодавството за влез и престој на територијата на секоја од земјите и неговата примена, взаемното информирање за задржани граѓани, соработка при конзуларни случаи, особено кога е потребна помош како на пример лекување или репатријација, начинот и постапката за издавање на документи од матичните книги, воспоставување на точка за директна комуникација во итни случаи и други прашања од областа. Обете страни изразиле задоволство од досегашната соработка во конзуларните работи, споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат и разменија предлози за унапредување на соработката.

Инаку, конзуларната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија се одвива врз основа на конзуларната конвенција склучена меѓу двете држави во 1999 година. Денешните конзуларни консултации се реализираа на иницијатива на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, и се први од таков вид во изминатава декада.

02.03.2023 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега