Геолошкиот институт на САД: Земјотресите во Турција и Сирија можат да траат со години

 

Откако Турција и Сирија во понеделникот ги погодија два нови големи земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени, експертите објаснуваат дека оваа појава не била неочекувана. Додаваат дека зејите може да се тресат со години.

Како што јави Си-Ен-Ен, земјотресите од минатиот понеделник се сметаат за вид на очекувани последователни потреси кои го следат првичниот на 6 февруари, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

„Овие последователни потреси стануваат поретки со текот на времето, иако можат да траат со денови, недели, месеци, па дури и години по земјотрес со голема магнитуда“, наведува Геолошкиот институт на САД.

21.02.2023 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега