Нормализиран сообраќајот на патот Битола - Прилеп
Сообраќајот на патниот правец А3 - Битола - Прилеп е нормализиран од 19:25 часот, информира АМСМ.
Сообраќајот на овој патен правец на излез од Битола кон Прилеп после бензинската станица „Пелагонија“ беше во прекин од 16:15 часот поради сообраќајна незгода.
Според извори во СВР Битола, во тешката сообраќајна меѓу две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици животот го загубиле две лица.
21.02.2023 - 19:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа