Среќни вести за пензионерите: Исплатата на пензиите почнува од 27 февруари
Владата на денешната 131-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за февруари, која ќе почне од 27 месецов.
- Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година, информираат од Владата.
Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
за пензии со висина 11.001 - 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
за пензии со висина 14.001 - 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа