Холандскиот тур-оператор „Корендон“ повторно ја активира сезонската авиолинија од Мастрихт до Охрид
Холандскиот тур-оператор „Корендон“ што располага и со сопствена авионска флота, за престојната туристичка сезона повторно ја активира директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.
Согласно донесената одлука, засега е предвидено авионите на „Корендон“ од јужниот холандски град повторно да летат до охридскиот аеродром во периодот од 7 јули до 1 септември.
Покрај Охрид како дестинација од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ авиони на „Корендон“ престојната туристичка сезона ќе летаат уште и за Крит, Закинтос, Родос, Анталија, Бодрум и Бургас.
Авионската линија Мастрихт – Охрид покрај летовите од Амстердам и од Ајндховен, првпат беше воведена летото 2018 година, но по туристички одличната 2019 година поради епидемијата на коронавирусот холандскиот тур-оператор наредната сезона ги откажа своите туристички аражмани за Македонија.
Тур-операторот „Корендон“ беше најзаслужен за враќањето на туристите од земјите на Бенелукс, во најголем број Холанѓаните, на Охридската ривиера по распадот на поранешна Југославија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа