УНИЦЕФ: Стотици деца загинаа како резултат на војната во Украина
Стотици деца загинаа како резултат на војната во Украина, а милиони се загрозени, објави Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), јави ДПА.
Помеѓу февруари 2022 година и јануари 2023 година, најмалку 438 деца загинаа, а 842 беа повредени како резултат на воените дејствија, соопшти германскиот огранок на организацијата во Келн.
На многу семејства им е потребна помош и поради уништената инфраструктура по руската инвазија која започна на 24 февруари минатата година. На околу 3,3 милиони деца и млади во Украина им е потребна итна хуманитарна помош, а околу 16 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода и канализација, соопшти организацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа