ССНМ И ЗНМ ги повикуваат сите медиумски профеционалци на протестен марш за одбрана на новинарското достоинство од Влада до Собрание
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија организираат протестен марш каде што ќе го изразат незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од полиитичарите како и лошата социо-економска состојба. Протестниот марш ќе се одржи во петок (17.02.2023) во 10:30 часот и ќе започне од пред зградата на Владата до Собранието на РС Македонија.
„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија ги повикува сите медиумски професионалци на протестен марш на кој заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба... На маршот, кој за членовите на ССНМ ќе поаѓа од пред канцеларијата на синдикатот, ќе бидат испратени пораки од претставници на ССНМ и ЗНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието: - Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање - Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите - Крај на агресивниот државен пи-ар - Поддршка за локалните новинари и медиуми - Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници - Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници"- стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа