Граѓаните со ниски приходи можат да аплицираат за субвенционирање на сметката за електрична енергија до крај на месецов
Министерството за економија информира дека и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи и ги повикува граѓаните да аплицираат до крајот на месецот.
Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб - страницата на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.
Како што истакнуваат од Министерството за економија, за оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа