Потресна исповед на младата мајка која со денови беше затрупана со новороденчето: „Тоа ме одржа во живот“

 

Поминаа седум дена откако разорните земјотреси ја потресоа Турција и однесоа повеќе од 35.000 животи во таа земја и соседна Сирија. Иако вестите за бројот на жртвите се зголемуваат секој час, понекогаш доаѓаат вести дека луѓе се извлечени од урнатините живи, што му дава надеж на целиот свет.

Приказните за чуда од Турција го обиколија светот, а една од нив е и исповедта на младата мајка Некла Чамуз.

Некла се породила на 27 јануари годинава и на синот му го дала името Јагиз, што значи храбар. Десет дена по неговото раѓање, ова малечко, за жал, мораше да го оправда своето име, бидејќи по земјотресот со денови остана во прегратките на мајка си затрупан во урнатините, се додава во извештаите.

Кобниот ден на 6 февруари во 04:17 часот, Некла била будна и го доела своето новороденче во родниот град во турската провинција Хатај. По неколку секунди таа и бебето биле затрупани во урнатините.

Некла и нејзиното семејство живееле во стан на вториот кат во модерна петкатница во Самандаг.

„Тоа беше убава зграда, се чувствувавме безбедно“, изјави Некла за Би-Би-Си.

„Кога почна земјотресот, отидов кон мојот сопруг, кој беше во друга соба со нашиот друг син, а тој тргна кон мене“, се сеќава Некла.

Но не успеал да стигне до неа. Додека брзал кон Некла и нивниот син, врз нив паднал гардеробер и не можеле да се движат.

„Земјотресот стана посилен, ѕидот падна, се се тресеше, зградата почна да ја менува позицијата. Кога тресењето престана, прво не ни сфатив дека цел кат се сруши. Викав, но немаше одговор“, вели Некла.

Младата мајка лежела со синот на градите. Гардероберот што паднал спречил бетонски блок да ги здроби. Мајката и бебето останале во оваа позиција во следните четири дена.

Додека лежела  со бебето во раце, Некла не можела да види ништо бидејќи се околу неа биле во темнина. Таа морала да се потпре на другите сетила за да разбере што се случува околу неа.

Единстеван утеха и било тоа што Јагиз сè уште дише.

Некла на почетокот се гушела од страшната прашина, но кога се спуштила прашината се чувствувала многу подобро. Тврди дека под урнатините не им било студено

Освен облеката и меката кожа на нејзиниот син, сè што можела да почувствува бела прашината и купиштата урнатини околу неа.

Слушала гласови но не се надевала дека некој ќе може да им помогне.

„Бев преплашена“, вели Некла.

Во темнината под урнатините, Некла изгубила секаква смисла за времето.

„Многу планираш кога ќе имаш дете, а потоа наеднаш завршивме под урнатините“, вели младата мајка.

Сепак, знаела дека мора да се грижи за својот мал син. Некако во тој затворен простор успеала да го дои.

Се плашела што се случило со нејзините најблиски и дали го преживеале земјотресот.

Некла не верувала дека спасувачите ќе ги извлечат, но тоа што малиот Јагиз ѝ лежел на градите и дало сила да издржи.

По повеќе од 90 часа поминати под земја, Некла слушнала лаење на куче. Мислела дека сонува.

Меѓутоа, по лаењето слушнала гласови.

„Добро ли си. Чукни еднаш ако си. Во кој стан си?“, слушнала како некој и вели.

Спасувачите неуморно копале додека не стигнале до неа и Јагиз. Во еден момент, силната светлина на батериската ламба ја заслепила храбрата мајка.

Кога спасувачите ја прашале колку години има Јагиз, Некла не знаела што да одговори. Знаела дека нејзиниот син има само 10 дена кога биле затрупани во урнатините.

Откако спасувачите го зеле Јагиз, го ставиле на носилки и ја извлекле надвор. Имало луѓе насекаде околу неа, но таа не препознала никого.

 
13.02.2023 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега