ЈП „Паркинг" Кавадарци денешниот износ од наплатени СМС-пораки ќе го донира за настраданите во земјотресот

 
 
ЈП „Паркинг" Кавадарци денешниот износ од наплатени СМС-пораки и блокатори ќе го донира на Црвен крст за реонот погоден од земјотрес во Турција и Сирија. За ова денеска информираа од кавадаречкото јавно претпријатие. 
 
Оттаму повикаа да се донира за помош и поддршка на населението зафатено од земјотрес. 
 
Советот на општина Кавадарци деновиве на вонредна седница  одобри 900 илјади денари од општинскиот буџет за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија. 
 
Општинските советници со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во земјотресот. 
 
- Во тешките мигови за двете држави, секој што може, треба да ја покаже својата солидарност и хуманост на дело, беше апелот испратен од седницата. 
 
Советниците беа едногласни, сума од 600 илјади денари да биде уплатена на трансакциска сметка добиена од Турската амбасада за настраданите во Република Турција, а сума од 300 илјади денари да биде уплатена на сметката на Црвен крст на РСМ, со намена за настраданите од земотресот во Сирија.
13.02.2023 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега