Се преминува на работа преку хартија, додека ФЗОМ не ги реши техничките проблеми со софтверот

 

Се преминува на работа преку хартија, додека траат сите проблеми со софтверот на ФЗОМ. Ваква одлука беше донесена вчера на седницата на Управен одбор на ФЗОМ

„На вчерашната седница на УО на ФЗОМ е донесена одлука да за сите проблеми со порталот на фондот,ќе се премине на работа преку хартија до отстранување на техничките проблеми со софтверот.

За ортопедски помагала, за комисиски решенија, упати и рецепти, прегледи кај матичен доктор - тоа се функционира“, информира за Прес24, Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари.

Дополнително, од денес нема веќе и закажување за нега од трето лице. Од понеделник по ново, додаде Чолакова Дервишова.

10.02.2023 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега