Завршија строгите протоколи: Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев
Полицијата почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле досега да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.
Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите на кои одат кон црквата Св. Спас. Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, по тројца најмногу се пропуштаат и кон црквата.
Во долга редица на влезот на црквата Св. Спас, граѓаните мирно чекаат да стигнат на ред да се поклонат.
Дел од нив се имаат знамиња Вергина, а многумина носат и транспаренти на кои пишува „Гоце е Македонија“, „Смрт или слобода“ и слично.
Метеж има и на сите полициски пунктови околу црквата Св. Спас каде граѓаните во големи групи мора да поминат полициска контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа