Во Холандија се појави кравјо лудило
Холандија пријави случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) на сточарска фарма, нагласувајќи дека месото од заболеното животно не влегло во синџирот на исхрана, така што нема опасност по јавното здравје.
Јадењето месо од животно кое боледува од „кравјо лудило“ може да предизвика смртоносна болест Кројцфелд-Јакоб кај луѓето, потсетува ДПА.
Министерството за земјоделство го информираше парламентот во Хаг за случајот со БСЕ, без да ја прецизира локацијата на фармата. Надлежните посочија дека објектот е изолиран и дека е забрането отстранување на ѓубриво, месо и животни.Надлежните служби се обидуваат да ги идентификуваат телињата на заразеното животно кое треба да биде убиено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа