РЕС го презеде снабдувањето со електрична енергија на 250 компании за само 10 месеци постоење

 

Македонскиот снабдувач со електрична енергија РЕС (Reneweble Energy Supply), заклучно со 1 февруари, снабдува 250 компании со електрична енергија обезбедувајќи им најповолни услови, односно најниски цени со најквалитетна испорака и пакети според потребите на клиентите.

Од февруари 2023 година уште 15 нови реномирани фирми донесоа одлука да се снабдуваат преку РЕС, искористувајќи ја можноста да добијат електрична енергија по најниски цени и во значаен дел од обновливи извори.

РЕС, кој е основан во март 2022 година, брзо се наметна како лидер во снабдувањето со електрична енергија и снабдува исклучиво компании од приватниот сектор кои го сочинуваат јадрото на економската активност во земјата.

 

Понудата на сопствена зелена електрична енергија по пониски цени, увозна електрична енергија по цени под берзанските и комбинација на пакети според барањата на клиентите го направија РЕС сигурен и најдобар партнер на македонското стопанство.

02.02.2023 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега