Морето исфрли угинат кит на брегот кај Њујорк

 

Откако 14 грбави китови (Megaptera novaeangliae), беа пронајдени угинати и насукани на источниот брег на САД од 1 декември 2022 година, сега уште еден се појави во Њујорк.

Станува збор за грбав кит долг 7,6 метри. Ова е првиот насукан во оваа област последниве пет години, а и убедливо најголемата единка oд оние забележани подолго од 10 години. Тамошните власти и еколозите се обидуваат да утврдат зошто телата на мртвите китови се појавуваат на источниот брег на САД?

Постојат наводи дека морските фарми со ветерници за одговорни за смртта на китовите. Надлежните велат дека нема докази за тоа.

Еколошките друштва повикуваат на истрага.

31.01.2023 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега