Македонците од Србија доаѓаат во Скопје: „Џамбаски нема да се доближи до гробот на Делчев“
Од Партијата на Македонци во Србија информираат дека на 4.февруари ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, а како што се вели во нивната порака до Џамбаски, нема да му дозволеле да пријде до црквата Св.Спас.
„По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје. Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија“, велат од Партијата на Македонци во Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа