(ВИДЕО) Верник го купи крстот на лицитација за 95.000 денари - поп тврди дека им требале пари за да ги платат сметките за струја
Поделено мислење утрово на социјалните мрежи се води околу лицитацијата која се случила вчера во текот на денот по фаќањето на светиот крст во штипско Ново Село.
Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи се забележува како попот среде црквата во Ново Село во Штип го нуди светиот крст на лицитација.
Крајната цена на крстот достигна 95 илјади денари, а во меѓувреме додека течеше лицитацијата попот тврдеше дека парите им требале за да ги подмират сметките за струја, но не и за нивни лични потреби.
20.01.2023 - 15:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа