НАкС: Каснат платите на вработените на јавните универзитети

 

 

Од Независниот академски синдикат преку соопштение до медиумите, тврдат дека каснат платите на вработените на јавните универзитети веќе подолго време, односно дека ова појава, станала зачестена пракса.

„Во изминатиот временски период стана зачестена пракса платите на вработените на јавните универзитети да се исплатуваат со задоцнување, надвор од законски предвидените 15 дена по изминување на исплатниот период. На овој начин, се загрозува правната сигурност на вработените на јавните универзитети и се прекршуваат одредбите oд чл.109 од Законот за работни односи (ЗРО) и чл. 66 од Колективниот договор за високото образование и наука, а работниците, особено оние чиишто плати се на ниво на минималната плата или блиску до неа се доведуват во исклучително незавидна и понижувачка економска положба“, велат од НАкС.

20.01.2023 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега