Влада: Училиштата што не користат евтина струја веднаш да се пријават и да ја искористат поволноста што ја нуди ЕСМ
На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, и соработникот за енергетика, Виктор Андонов, беа презентирани најновите информации за енергетската состојба во земјата и одлуките од вчерашната 119. владина седница.
Соработникот Андонов рече дека оваа година почна со стабилно домашно производство на електрична енергија.
„Неколку дена по ред во јануари ЕСМ произведува и продава ноќни вишоци електрична енергија. За периодот од 12 до 17 јануари 2023 година продадени се вкупно 1.980 МWh електрична енергија како ноќни вишоци во јавна и транспарентна постапка од ЕСМ за која јавноста навремено беше информирана. Енергетскиот биланс за 17 јануари 2023 покажува дека вкупното производство на електрична енергија изнесува 17.752 MWh, од кои 13.801 МWh се од термоелектраните, а 3.951 МWh се од обновливи извори. Продадени се и ноќни вишоци електрична енергија од 330 MWh. Со овие количини целосно се задоволени потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи“, додаде Андонов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа