Фондација Македонија: Ги каниме Бугарите да се поклониме во Скопје на бугарскиот Гоце Делчев
Претседател на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, на својот Фејсбук профил најави дека на 4 февруари годинава ќе биде организиран превоз на Бугари кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев во Скопје.
Тој ги повикува сите Бугари да ја прослават 151-годишнината од раѓањето на Делчев за кого Стојанов пишува дека е Бугарин.
„Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје! На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско)! Обезбедивме превоз со автомобил за оние кои сакаат да дојдат! Повелете масовно во Скопје да го прославиме сите заедно нашиот народен херој Георги Делчев“, стои во неговата објава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа