Столтенберг: Интензивната соработка меѓу Русија и Кина го загрозува светскиот поредок
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека сè поинтензивната соработка меѓу Русија и Кина го загрозува светскиот поредок воспоставен од западните земји.
„Тие беа обединети барајќи поинаков светски поредок. Факт е дека тие не ги споделуваат нашите вредности и се обидуваат да ги одбранат интересите што ја нарушуваат нашата вера во слободата и демократијата. Во овој опасен свет, земјите од Алијансата мора да се држат заедно“, рече тој на конференцијата во Норвешка.
Истакна дека главниот доказ за обединувањето на двете држави е одбивањето на Пекинг да ја осуди руската специјална операција во Украина.
„Напротив, Кина го промовира рускиот наратив, префрлајќи ја вината за ситуацијата на НАТО и првично го поддржа барањето на Москва, Алијансата да ги затвори вратите за нови членки“, посочи Столтенберг.
Секретарот го подвлече продлабочувањето на односите меѓу Русија и Кина на воено и на економски план.
Медиумите потсетуваат дека на 30 декември рускиот претседател Владимир Путин одржа видеоконференција со кинескиот лидер Кси Џинпинг.
Рускиот лидер истакна дека односите меѓу двете земји покажуваат зрелост и стабилност наспроти растечките геополитички тензии, а го покани и кинескиот претседател следната година да ја посети Москва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа