Воздухот отровен насекаде низ Македонија, најкритично во Тетово

 

Екстремни нивоа на загадување се бележат вечерва во речиси сите македонски градови, а бројките се најлоши во Тетово, каде се регистрирани по околу 200 микрограми ПМ10 и ПМ2,5 честички на метар кубен, а вкупниот AQI индекс на загадување вечерва изнесуваше 247, што е фрапантна вредност. На ранг листата по загаденост следуваат Битола со вкупен AQI индекс од 173, потоа Кочани 171, Скопје 162, Гостивар 151, Велес 144.

 

Мерењата за ПМ 10 честички во главниот град покажуваат екстремно високи податоци. Мерната станица во Маџир Маало измери 976, а во Визбегово 749 ПМ10 честички на метар кубен.

Под 500 ПМ 10 честички покажуваат мерната станица поставена кај Министерството за внатрешни работи, 481, Гази Баба 347, Карпош 292, 11 Октомври 246, Ѓорче Петров 154. Во пониската, „црвена“ категорија се мерните станици во Аеродром и во Ѓорче Петров каде измерени се 131 и 113 ПМ10 честички на метар кубен.

Според лекарите и експертите за аерозагадување, вакви нивоа на загаденост воздухот го прават буквално отровен, а во такви ситуации се препорачува никој да не излегува од својот дом.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска објави податоци според кои воздухот е категоризиран како екстремно лош (сиромашен) на мерните станици во Берово, Тетово и Гостивар, а многу лош во Ѓорче Петров, поради концентрацијата на ПМ 2,5 честички. ИЈЗ, повикувајќи се на европскиот Индекс за квалитет на воздух на Европската агенција за животна средина, во категоријата „многу лош“ ги смести Струмица, Битола и Кичево, но таму поради зголемени концентрации на ПМ 10 честички.

03.01.2023 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега