ММФ: 2023 година ќе биде тешка година
За поголемиот дел од светската економија, 2023 година ќе биде тешка година бидејќи главните мотори на глобалниот раст, САД, Европската унија и Кина, доживуваат забавување на активностите, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.
„Новата година ќе биде потешка од годината што ја оставаме зад нас“, рече Георгиева на неделната утринска информативна програма „Соочете се со нацијата“ на ЦБС.
Таа објасни дека тоа ќе биде затоа што трите главни економии, САД, ЕУ и Кина, „истовремено забавуваат“, пренесе Ројтерс.
Во октомври, ММФ ги намали изгледите за глобалниот економски раст во 2023 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа