(ФОТО) Се роди првото бебе и во Велес - машко е

 
 
Се роди и првото бебе утрово во Велес, поточно во 7.50 часот. Се роди здраво, машко бебе, тешко 3900гр.
 
На посета во болницата кај бебето и мајката, беше првиот човек на Велес, градоначалникот Марко Колев. Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша:
„Аирлија, се роди првото бебе годинава“.
 
„Радувајќи се за приновата ја посетивме мајката која се чувствува одлично, и и посакавме овој нов живот да расте во здравје и изобилни благослови.
Честитки до семејството, а на сите нам посакувам среќна и бериќетна година, исполнета со радост и надеж за нов живот и нови почетоци“, изјави градоначалникот Марко Колев.

01.01.2023 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега