Тетовската пожарна со 660 интервенции во 2022 година
Територијалната противпожарна единица Тетово од 1 јануари до 30 декември денеска има вкупно 660 интервенции, сублимираат од оваа служба за работата во текот на 2022 година.
Еден од потешките предизвици за пожарникарите беше пожарот во мај во поранешната фабрика „Македонија табак“, каде и покрај изгасениот оган имаше потреба од повеќедневна интервенција.
– Завршуваме година полна со предизвици и тешкотии во остварувањето на нашата професија како пожарникари. Во текот на оваа година што ја оставаме зад себе имаше 660 интервенции кои беа пожари во разни објекти и на отворено, технички интервенции, интервенирање и дејствување на сообраќајни незгоди и разни други инциденти. Во овој период бевме активни и подготвени 24 часа да бидеме блиску до нашите граѓани, изјави командантот Авни Амети.
Според него, добро е што во текот на годината имало набавка на опрема за противпожарна заштита.
-По успешната соработка со УНДП, успеавме како донација да се снабдиме со теренско возило, комбе кое ќе служи за интервенции во сообраќајни несреќи, друга колективна и лична опрема за противпожарна заштита и електронска опрема за канцеларијата. Од еден наш сонародник кој живее и работи во Швајцарија, ни се снабдени два пара моторизирани ескалатори. Од Дирекцијата за заштита и спасување снабдени сме со теренско возило кое многу помага во гаснењето на пожари на тежок терен. Имавме и помали донации од поединци и различни компании, кои се голема помош за нашата единица, вели Амети.
Тој потсети дека во текот на оваа година пожарникарите биле на бројни обуки, а нивни лиценцирани инструктори обезбедиле професионална обука за новопримените пожарникари. Во 2022 тетовските пожарникари добија и зголемување на платите врз основа на законот за пожарникари, а имаат подобри услови за работа и престојот на пожарникарите во станицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа