Германците поради војната во Украина извезле оружје во вредност од најмалку 8,3 милијарди евра
Германската Влада годинава одобрила извоз на оружје во вредност од најмалку 8,3 милијарди евра поради војната во Украина, што го натера канцеларот Олаф Шолц да ги отфрли уставните ограничувања.
Повеќе од четвртина од оружјето и воената опрема се извезени од 1 јануари до 22 декември во Украина, која се брани од руската инвазија. Податоците ги објави Министерството за економија на барање на пратеничката од Левицата, Севим Дагделен.
Владејачката коалиција на социјалдемократи, зелени и либерали вети дека ќе го намали извозот на оружје, но поради руската инвазија на Украина и помошта за Киев, се предомисли и ја отфрли уставната одредба со која се забранува извоз во областите зафатени од војна.
Од почетокот на годинава на Украина и се испорачани хаубици, повеќецевни ракетни фрлачи и системот за воздушна одбрана ИРИС-Т и друга воена опрема во вредност од 2,24 милијарди евра.
Останатите шест милијарди евра оружје претежно биле испорачани во Холандија, САД, Велика Британија и Унгарија. За време на 16-годишниот мандат на Ангела Меркел како канцелар, границата од шест милијарди евра беше надмината само пет пати. Официјалниот извештај за извозот на оружје ќе биде објавен во јануари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа