Ковачевски: Експресниот пат Крупиште-Кочани е пуштен во употреба

 

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска присуствуваа на пуштањето во употреба на делница Крупиште-Кочани на експресниот пат Штип-Кочани. Со денешното ставање во функција на 13,7 километри од Крупиште до Кочани и трасата од Штип до Крупиште, целосно е завршен проектот кој се реализираше во две фази.

– Како што ветивме и сигурно се сеќавате дека пред еден месец дадов задолжение да се завршат последните активности од изградбата на оваа делница, еве нѐ денеска тука за да го исполниме тоа ветување.На мое огромно задоволство, но верувам и на огромно задоволство на граѓаните од целиот источен регион ја имам честа да го пуштам во употреба експресниот пат Крупиште-Кочани.Нека ни е со среќа и честитки пред сѐ до сите вклучени и до Министерството за транспорт и врски, ЈПДП, изведувачите, подизведувачите и надзорот. Завршена е голема работа, рече Ковачевски.

Посочи дека наредна година очекува да има уште многу вакви настани, со кои ќе има брзо и динамично подобрување на инфраструктурата во земјата.

– Изградбата на нови патишта, подобра и модерна инфраструктура и инвестирањето во капитални објекти со кои се подобрува квалитетот на животот на граѓаните и се обезбедуваат подобри услови за работа на компаниите е врвен приоритет на Владата. Денеска пуштаме во употреба токму ваква значајна инвестиција за целиот источен регион од, односно делницата Крупиште-Кочани од експресниот пат Штип-Кочани. Со оваа инвестиција уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за рамномерен развој на целата држава и обезбедување на подобра конекција помеѓу градовите, додаде Ковачевски.

26.12.2022 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега