Разрешена мистеријата со елката во Радовиш: „Беше тоа рекет-елка, за која требаше да се платат 7.000 евра“

 

Никој не ја украл елката на плоштадот во Радовиш, туку фирмата која редовно го украсува градот веќе неколку години си ја собрала, изјавил градоначалникот Ацо Ристов, за ММС.

Тој вели дека фирмата погрешно настапила, бидејќи годинава го украсила градот без притоа да потпише договор, а потоа побарала 7.000 евра од општината за елката и украсите, кои само се изнајмуваат и не ѝ остануваат трајно на општината.

– Нема да дозволиме некој да нè уценува и да нè рекетира. Почнаа и притисоците и уцените од фирмата дека доколку не се плати, ќе си ја соберат елката. Јас не сакам никој да ме уценува за нешто што не сме го побарале. Едноставно, не сакав да продолжи оваа коруптивна шема, што била разработена во годините наназад. Реков дека нема да платиме и тие во саботата си ја собраа елката – вели Ристов.

За само два дена, вели Ристов, со помош на донатори и фирми, успеале да обезбедат се’ што е потребно за украсување на градот. 

 

26.12.2022 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега