(ФОТО) „Бомбата е во школото, ќе пукне многу брзо“ - откриена заканувачката порака за дојава за бомба

 

Дојава за поставена утрово во основното училиште Лирија во Тетово. Моментално таму има полиција и во тек е евакуација на учениците.

Слободен печат на социјалната мрежа „Инстаграм“, ја откри содржината на пораката којашто стигнала на електронската адреса на ова училиште.

„Бомба е поставена во школото. Ќе пукне многу брзо! Ќе има жртви НЕ МЕ ПРАШУВАЈТЕ НИШТО ги избршав сите докази ништо нема да признаам, ова е поздрав од мене хохо, пишува во заканувачката порака од испраќачот со име и презиме Емрах Јусуфовски и на него се гледа дека истата е испратена и на мејлот на скопските гимназии „Никола Карев“ и „Орце Николов“.

26.12.2022 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега