Врие полиција низ училиштата во Тетово - Касами вели родителите и децата да останат смирени

 

Врие полиција низ училиштата во Тетово, откако две од нив добиле дојава за бомба. 

Зголемено е полициското присуство низ училишните објекти, а на социјалните мрежи се огласи и првиот човек на Општина Тетово, апелирајќи до родителите и децата да останат смирени.

„Ве известуваме дека по мејл кој стигнал до двете основни училишта “Лирија” и “Кирил и Методиј” со предупредување за поставена бомба, учениците и наставниците по наредба на полицијата и надлежните ги напуштиле училишните објекти, а стручните екипи си ја вршат работата. На лице место сме заедно со полицијата за контрола на состојбата на терен“, пишува градоначалникот Касами на ФБ.
 
„Имајќи предвид дека вакви вести имало и во други градови и дека истите се посочени како лажни, сепак мора да бидеме внимателни.
Воедно, соопштуваме дека вакви предупредувања нема во другите основни и средни училишта и ситуацијата е под контрола.
Апелираме до граѓаните, наставниците и родителите да останат смирени и да не паничат во вакви ситуации!
Образовниот сектор при општина Тетово, на предлог на органите на државната безбедност, ја зголеми грижата и надзорот над училиштата и континуирано е во комуникација со раководните лица на училиштата и државните органи за безбедност во државата“, стои во неговиот статус на социјалната мрежа „Фејсбук“.

26.12.2022 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега