Дојави за бомби во училишта во Скопје - се евакуираат учениците

 

Утрово на службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата, пренесува МКД.мк.

Училиштата веднаш заканите ги пријавиле во МВР и во тек е евакуација на учениците, наставниците и останатите вработени во училиштата, а веројатно и во други училишта во Скопје.

Освен во Скопје, дојави за бомби пристигнале и во училишта во Битола.

26.12.2022 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега