Измерени -5 степени - утрово тука беше најладно
Најстудено утрово е во Берово со -5 степени, во Битола се измерени -4 Битола, во Скопје, кај Петровец и Демир Капија -3, во Струмица и Тетово -2, во Прилеп и Дебар -1. Нула степени се измерени во Скопје, кај Зајчев Рид, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, еден степен над нулата е во Охрид, Претор, Лазарополе, три во Маврови Анови, Крушево, Виница, четири на Попова Шапка, а максимални шест степени се измерени во Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и студено. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло, особено во повисоките места и на планините. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа