Утрово на Табановце е проодно, по вчерашната блокада поради акција на МВР и ОЈО

 

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата информират од АМСМ.

На граничниот премин „Табановце” синоќа имаше акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што беше причина за големиот застој на граничниот премин.

Од министерството за внатрешни работи најавија повеќе детали за денеска.

Во меѓувреме, додека траеше акцијата, колони возила беа заглавени на македонско-српската граница и по неколку часа, а граѓаните револтирани на социјалните мрежи објавуваа видеа и фотографии на кои се гледаа километарските колони на граничниот премин.

26.12.2022 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега