Актуелни функционери во Македонија на американска црна листа?
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека не е исклучено на американската црна листа да се најдат и актуелни функционери.
Ковачевски не даде други информации само додаде дека тој „со истражители не се видел“. На прашањето дали се тоа функционери за кои што Грковска иницираше постапка за утврдување на злоупотреба, премиерот рече дека Грковска не кажала дека поднела кривични пријави туку дека „до неа имало пријави што после таа ги спроведува согласно со нејзините надлежности до надлежни институции“. На прашањето дали постои можност да се истите, премиерот рече дека не знае.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа