Пендаровски: Новиот директор на АНБ спровел нова истрага за Онишченко
Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски, спровел нова - обновена и проширена истрага за околностите во кои македонско државјанство добил контроверзниот Украинец Александр Онишченко, лице на листата на санкции на САД поради мешање во тамошните избори во 2016 година, откри шефот на државата, Стево Пендаровски во вчерашното интервју на ТВ Канал 5.
„Новиот директор на АНБ следната недела - во вторник или среда најдоцна, пред Нова година, ќе оди на реферирање пред собраниската комисија за контрола над службите, каде ќе презентира наоди од - да ја наречам новата истрага“, рече Пендаровски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа