Тренчевска – Пилетич: Преку размена на позитивни пракси до унапредување на социјалната и детската заштита
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, денеска имаа средба со министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика во Република Хрватска, Марин Пилетич и со членови на неговиот кабинет.
Како што информраат од МТСП, на средбата се разговараше за европскиот пат на Република Северна Македонија, како и за процесот на преговори. Министерот Пилетич истакна дека Министерството за труд и социјална политика ја има нивната поддршка на со посебен акцент на трудовите политики и уредување на протоколот за размена на работници. Тој посочи дека во текот на 2022 година се издадени 9000 дозволи за работа на македонски државјани во Република Хрватска. Исто така беше посочено дека фокусот на следната интензивна соработка меѓу двете министерства ќе биде насочен кон позитивните примери во делот на социјалната заштита.
Тренчевска истакна дека менторството кое може да го понуди Република Хрватска, можноста за воведување на нови услуги во системот за социјална заштита, разменувањето на позитивни искуства преку искористување на европските фондови кои се достапни за РСМ, се следните активности кои ќе овозможат почести средби во иднина.
За време на средбата деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев потенцира дека ресурсите на Филозофскиот факултет се на располагање за идната соработка и дека тоа ќе биде одлична можност за унапредување на системот за пензиско и инвалидско осигурување како и за реализација на идни проекти, наведуваат од МТСП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа