Словенечката Амбасада со донација во прилепска градинка

 

 

КБ пензионерско друштво во соработка со словенечката Амбасада денеска во прилепската градинка „Гоце Делчев“ донираа 10 креветчиња, 10 транспортни креветчиња, играчки, душеци и бебешки постелнини.

Амбасадорот на Република Словенија во земјава, Милан Предан, рече дека веднаш реагирале кога го добиле барањето од градинката.

– До нашата Амбасада имаше барање од градинката, со убав цртеж од децата за донација. Веднаш контактиравме словенечки компании и задоволни сме што КБ пензионерско друштво веднаш ја прифатија нашата иницијатива. Благодарни сме за нивната одлука што придонесува за подобар стандард на децата во оваа градинка, рече амбасадорот Предан.

Весна Стојаноска, директорка на КБ пензионерско друштво, го изрази задоволството од задоволните лица во градинката.

-Тие насмевки посебно зрачат во овој период пред Нова Година. Како општествено одговорна компанија ја видовме потребата, се јавивме на иницијативата на словенечката амбасада и сакавме да направиме нешто дополнително за заедницата, изјави Стојаноска.

Христина Трпческа, директорка на Јавната установа „Наша иднина“ на прилепските градинки беше посебно среќна што со напорите на вработените има можност да сде подобрат условите.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески упати благодарност до Амбасадата и до КБ пензионерско друштво.

 

Од прилепските градинки упатија и апел овој пример да го следат сите општествено одговорни компании.

 

22.12.2022 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега