Со 200 милиони денари државата ќе ги покрива долговите на МЖ Транспорт
Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на „Железници на Македoнија – Транспорт“.
Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Свети Николе истакна дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. Македонски железници имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.
Посочи дека долгот на „Железници – транспорт“ варира и се менува какошто вели од ден на ден.
„Ние, можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на мкедонски „Железници – транспорт“. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра. Но оваа година дополнително дадовме поддршка, заради тоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие македонски Железници се внесуваат и дел од енергенсите во државта" – вели Бочварски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа