Џафери со честитка по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

 

Почитувани сограѓани, припадници на турската заедница во Република Северна Македонија,

Дозволете од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

Со чествувањето на овој празник, институционално и како граѓани на Република Северна Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е дел од мноштвото култури, обичаи и јазици кои ја красат Република Северна Македонија. А Република Северна Македонија е богата земја во која посебноста на секоја заедница, како нејзин заштитен знак и идентитет, во природна симбиоза со другите посебности, претставува одличен пример и автентичен индикатор за степенот на демократска зрелост и изградена граѓанска свест во нашето општество.

Уште еднаш, дозволете да Ви упатам искрени честитки и да Ви посакам светлината на образованието секогаш да ви го осветлува патот и мислата!- пишува во честитката спикерот на македонското Собрание Талат Џафери.

21.12.2022 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега