Затвореници од затворот во Струга дилале кокаин низ цела Македонија

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога во текот на повеќемесечна истрага обезбеди материјални докази за организирана криминална група која вршела недозволена трговија со кокаин, против кои до ОЈО ГОКК од страна на ОСОСК е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, Т.Ш. и Д.О., како дел од оваа организирана криминална група, биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа во Струга каде, користејќи поволности за секојдневен излез од затворот, заедно со лицето А.М., продавале кокаин на лица од целата држава, за што Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал има обезбедено и документирано купопродажби и доказен материјал.

МВР додава дека денеска извршен е претрес во домот кај А.М., кој заедно со Т.Ш. и Д.О., кои во моментов се наоѓаат во Казнено-поправна установа во Битола, во текот на денот ќе бидат изнесени пред Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје.

20.12.2022 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега