Владата расправаше за лажните дојави за бомби: Оперативен тим за сајбер безбедност ќе прави стручна проценка
Владата на денешната седница констатираше дека безбедносната состојба во државата е стабила и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните. Ова доаѓа откако институциите на државата веќе два месеци не можат да се справат со лажните дојави за бомби.
-На седницата беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и дека не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните. Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани. Од седницата на Советот произлезе заклучок да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани со кој ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи. Оперативниот тим ќе биде составен од експерти од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. Предвидено е по потреба да бидат вклучени и други институции и експерти. Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво, велат од прес-службата на владата.
Меѓу другото, донесен е и заклучок со кој се зајакнува комуникацијата со партнерски институции во делот на проценката на отпорност и заштита на системот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа