Пронајден и уапсен возачот кој го усмрти 11-годишното девојче од Велес - во автомобилот не бил сам

 

29-годишниот А.Н. е уапсен од страна на полициските службеници денеска во 11.30 часот, откако тој викендов прегази 11-годишно девојче кое почина, а мајката на девојчето беше повредена во истата несреќа. 

„Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.  
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од СВР Велес за Прес24.

Сега, обвинетиот ќе биде сослушан за настанот, за потоа, по барање на обвинител да биде изведен пред суд. Судиите од Велес ќе треба да одлучат дали ќе му одредат мерка за обезбедување на присуство, а со оглед дека беше недостапен за органите на прогонот.

Порталот „А1он“, повикувајќи се на сопствени полициски извори пренесува дека возачот А.Н не бил сам во автомобилот марка „мерцедес“, со кој го прегазил 11-годишното девојче. Со него биле уште неколку лица. Наместо да застане, по несреќата, продолжил со возење. Прво ги симнал сопатниците од автомобилот, па го оставил возилото, по што решил да се крие.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Press24 (@press24.mk)

19.12.2022 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега