Амбасадата на САД до своите граѓани во државава: Бидете свесни за постојаните закани со бомби
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби.
На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“.
Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на празничниот период и постојаната закана со бомби низ Северна Македонија, граѓаните треба да бидат свесни за околината и во однос на кражбите.
19.12.2022 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа