Маричиќ: Да не си ставаме сами вето - по 17 години чекање европската иднина е во наши раце

 

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по повод годишнината од добивањето кандидатски статус на Северна Македонија за членство во ЕУ, на неговиот официјален фејсбук профил напиша дека после 17 години чекање денес сме земја преговарач со ЕУ, а европската иднина на земјата е во наши раце.

-Далечната 2005 година добивме кандидатски статус за членка на ЕУ, а овој 17 декември Северна Македонија е земја која преговара со Европската Унија. Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето, порачува Маричиќ на неговиот фб статус.  

Направивме историски чекор во евроинтеграциите, додава вицепремиерот Маричиќ и посочува дека денес имаме задача пред овој државнички проект да застанеме одговорно и со силна политичка волја за темелни реформи, успешно да го завршиме-Тоа е наша обврска кон граѓаните. 17 години успеси и падови, напредок и назадување на европскиот пат, но веќе немаме време за губење. Со јасен план и визија, зад која треба да застанеме сите, фокусирани на реформската агенда, мораме брзо да напредуваме во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ.

Темпото на скрининг процесот се одвива според предвидениот календар од Европската комисија. Успешно го завршивме билатералниот скрининг за Кластер 1, ,,Фундаментални вредности”, во јануари продолжуваме со билатералните состаноци за Кластер 2 и тоа за Поглавјата 3, 6 и 7, односно „Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“.

-Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето. 2030 реална година за членство на Северна Македонија во ЕУ, заедно да ја оствариме, стои во објавата на фб на вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ

17.12.2022 - 18:20
Фото: 
пмд

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега