Хајрулахи за судирот Грковска – Јовески: Никој не треба да се меша во работата на обвинителството

 

В.д. шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, рече дека не сака да ги коментира меѓусебните обвинувања на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и државниот обвинител Љубомир Јовески, порачувајќи дека двете страни делат заеднички интерес – да функционираат нештата во државата. Сепак, Хајрулахи не изостави да каже дека никој не треба да се меша во работата на обвинителството. Прашан – а, дали јавноста „треба да се меша во неработата на обвинителите“, тој одговори:

„А, во неработата, затоа сме ние тука како шефови на тие обвинителства и ако некој е за успехот и неуспехот на тие обвинителства, одговорноста е наша“, вели Хајредини.

За ниската доверба на граѓаните во обвинителството и целиот правосуден систем, Хајрулахи вели дека за него потврда за успешност се годишните извештаи кои покажале напредок во работата, а не рејтинзите кои, како што рече, се мерило за успешност на политичките партии.


16.12.2022 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега