Османи за дојавите на бомби: Очигледно се случува нешто што не е поврзано само со нас…

 

Шефот на македонската дипломатија смета дека тоа што во изминатиот период полицијата секојдневно добива лажни дојави за бомби е регионален, а не наш проблем.

Тој во гостувањето во ТВ 21 рече дека се случува нешто што не е поврзано само со нас.

„Црна Гора оди на онлајн настава поради истиот тип на пораки во училиштата за поставени бомби.И не е само Црна Гора, има и други држави во регионот. Очигледно нешто се случува кое што не е поврзано само со нас, туку на регионално ниво.

Османи истакна дека комуницирале и со НАТО, кои ги информирале дека нешто се случува, не само во Македонија туку и во регионот.

 

16.12.2022 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега