Судијката Лидија Чачева која одлучувала за укинување на пресудата за Мијалков е во пензија уште од 7 декември
Судијката Лидија Чечева која е една од петте судии од Апелацискиот суд кои ја укинаа пресудата за ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Никола Бошковски, Гордана Јанкулоска и други, за масновото прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ е во пензија уште од 7 декември, пренесе „СДК.МК“.
Одлуката на Судскиот совет е објавена и на официјалниот вебсајт.
„2. Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија:
- Виолета Поповска, судија на Апелационен суд Скопје
- Лидија Чачева, судија на Апелационен суд Скопје
- Славица Тоиќ, судија на Основен суд Тетово и
- Лилјана Јанкова, судија на Основен суд Штип.“, се вели во соопштението од Судскиот совет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа