Груевски тет-а-тет со заинтересирани инвеститори од Дубаи
Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со заинтересирани инвеститори од Дубаи за производство на јаболко и овошје. Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија.
Претходно, премеирот ќе биде дел од Бизнис-форумот во организација на Кабинетот на министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Европската стопанска комора на Централна и Источна Европа.
За време на форумот, повеќе од 40 компании од Централна и Источна Европа ќе се запознаат со можностите за инвестирање во земјава.
06.12.2013 - 11:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа