Битиќи: Општините да ги зголемат даноците на имот и да вработат повеќе луѓе

 

Нашата држава одамна е водечка во процесот на децентрализацијата наспроти децентрализирањето на надлежностите. Веќе оваа година се направи исчекор кон подобрување на фискалната децентрализација, а тоа е зголемување на финансирањето за општините. Останува уште еден сегмент за којшто сметам дека општините треба самите да го направат, а тоа е зголемувањето на сопствените приходи, тоа се вообичаено поврзани со данок на имот, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На новинарско прашање за клучните точки на децентрализацијата Битиќи порача дека треба да се зајакнат капацитетите за да се испорача тоа што најмногу им треба да на граѓаните.

– За жал, се уште на ниво на единици на локална самоуправа човечките капацитети не се највисоко можно ниво и тоа значи дека нема подготвеност за развивање на добри и квалитетни проекти и навремена испорака на услуги кон граѓаните. Значи, има доста уште да се направи, но мислам дека сме на добар пат, рече тој.

На прашањето поврзано за поставувањето компетентни лица на клучни позиции и проблемите со партизацијата истакна дека денеска може да се видат последиците од тоа што 30 години немаше доблест за да се направи најдоброто за граѓаните.

– Сметам дека не е само партизацијата, туку воопшто сакањето да се унапредат одредени процеси е клучниот проблем. Но, мислам дека добро што зборуваме за причините, ајде да ги решиме истите и да продолжиме понатаму, додаде вицепремиерот Битиќи. 

12.12.2022 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега