Се предомислија: Шоле и Ескобар во Скопје ќе дојдат после Нова Година
Од Амбасадата на САД во Скопје за Дојче Веле изјавиле дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, ја одложува посетата за по Нова Година.
Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија посетата на Северна Македонија. Од Американската амбасада во Скопје за ДВ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа